‹ • • • ›
Националната телевизија Канал 5 вчера објави лага на национално ниво, споредувајќи го кредитниот рејтинг на агенцијата „Муди`с“ за Словенија со оној на Македонија, истовремено тврдејќи дека словенечкиот кредитен рејтинг, иако припаѓа на земја членка на ЕУ, се „приближи на Македонија и другите земји од Екс-Југославија“. Проблемот е само што „Муди`с“ нема изработено кредитен рејтинг за Македонија и оценка за такво нешто не постои.
КАНАЛ 5 ВЧЕРА ОБЈАВИ ВЕСТ СО НАСЛОВ „По 20 години членката на ЕУ Словенија на ниво на Македонија“ во која се кажува дека, ете, иако Словенија е членка на Европската унија и „има одлично безбедносно и економско опкружување“, им се „приближи на Македонија и другите земји од Екс-Југославија.“
Пораката
е јасна. Таа на крајно несуптилен начин кажува: „Гледате ли колку ни е убаво на нас Македонците со оваа власт, иако не сме во ЕУ?!“ Или, пак: „Немојте многу, многу да се жалите, гледате ли дека и на Словенија не и е
ништо подобро?!“
Веста е објавена вчера во 19.39 часот, но подоцна во текот на ноќта некој се сетил дека претерале со лажењето, ама само во насловот, па го сменил во „Намален кредитниот ретјинг на Словенија“. Проблемот е само што истите невистинити тврдења и споредби од претходната верзија внатре во веста се оставени непроменети.
„Муди`с“, имено, воопшто нема
изработено кредитен рејтинг за Македонија, што значи дека таков не постои и не
можат да се прават никакви споредби. Една порака по електронска пошта до агенцијата утрово
беше сосема доволна да се праша дали тие имаат направено кредитен рејтинг за
Македонија и да се добие долниот негативен одговор:
Она што е нејасно, кога веќе Канал 5 решил да лаже, е зошто не излажал до крај. Што нѐ споредувал со Словенија (која, патем, има речиси пет пати повисок бруто домашен производ по жител) и што не нѐ споредил со Австрија или Белгија, на пример, за барем
лагата да биде комплетна и да се остварат пропагандистичките цели на
телевизијата.
Единствени ентитети за кои „Муди`с“ има правено кредитен рејтинг во земјава се 7 општини во рамките на проект на УСАИД во 2011 година, а со цел и тие да можат да почнат да се задолжуваат на светските пазари на капитал (уште тоа ни фали). Оттогаш кредитниот рејтинг на Гостивар е повлечен, зашто Општината не сакаше повторно да плаќа за него.
Еве како изгледаат оценките за кредитен рејтинг за држави, односно суверени ентитети, на трите големи меѓународни агенции и кое е нивното значење:
Еве како изгледаат оценките за кредитен рејтинг за држави, односно суверени ентитети, на трите големи меѓународни агенции и кое е нивното значење:
А, еве ги оценките за кредитниот рејтинг на останатите 6 македонските општини без Гостивар:
Како што може да се види, македонските општини имаат оценки Б1 и
Б2, а кредитниот рејтинг на Словенија е со оценка Баа2. Тука веднаш треба да се истакне дека овие оценки не треба да се споредуваат зашто кредитниот рејтинг на држави (sovereigns) е сосема различна категорија со оној на општини (sub-sovereigns). Станува збор за различни видови на ентитети кај кои кредитниот рејтинг се утврдува според различни методологии, иако оценките имаат исти ознаки.
Но, од друга страна, пак, треба да се знае дека со ваков кредитен рејтинг, каков што го имаат овие 6 македонски општини, идните евентуални обврзници, издадени од нив, ќе се сметаат како високо шпекулативни инвестиции, односно финансиски инструменти познати и под името „junk bonds“, односно „ѓубреџиски обврзници“.
Но, од друга страна, пак, треба да се знае дека со ваков кредитен рејтинг, каков што го имаат овие 6 македонски општини, идните евентуални обврзници, издадени од нив, ќе се сметаат како високо шпекулативни инвестиции, односно финансиски инструменти познати и под името „junk bonds“, односно „ѓубреџиски обврзници“.
Ова
значи дека ако некоја од овие општини издаде општински
обврзници во иднина, ќе има проблем да изнајде сериозни меѓународни инвеститори на светските пазари на капитал. Редица инвестициски фондови, какви
што се пензиските, заедничките (mutual funds) и индексните и со закон (во САД, на пример) не смеат да купуваат хартии од вредност што се рангирани
под оценката Баа3 кај „Муди`с“ или БББ-, според методологијата на другите две големи агенции за кредитен рејтинг „Стандард и Пурс“ и „Фич“.
Кога станува збор, пак за споредба на кредитниот рејтинг на Македонија со оној на Словенија, доволно е да се направи споредба на оценките кај другите две големи агенции, кои, за разлика од „Муди`с“, имаат изработено кредитен рејтинг за земјава и ќе се види огромната разлика, која покажува дека, кога станува збор за кредитниот рејтинг, Македонија и Словенија не се ни во иста лига, а камоли да може да се говори сличности и приближувања.
Македонија кај „Фич“ (fitchratings.com - потребна е регистрација) има кредитен рејтинг ББ+, а кај „Стандард и Пурс“ ББ. Од друга страна, пак, Словенија кај двете агенции има иста оценка А-, што е повисоко за 4 нивоа кај „Фич“ и дури 5 нивоа кај „Стандард и Пурс“. И уште поважно, земјите рангирани со оценка А- имаат инвестициски кредитен рејтинг и нивните обврзници се добредојдени кај инвеститорите, додека оние со оценка ББ+ имаат „junk“, односно „ѓубреџиски“ и неинвестициски кредитен рејтинг и таквите обврзници ретко кој сака да ги допре со стап долг два метри, а камоли да ги купи.q
[Ве молиме споделете го написот на социјалните мрежи на кои сте активни и помогнете го критичкото и слободното новинарство. АНФАС на Фејсбук можете на го следите овде.]
[Написите од АНФАС не смеат да се преземаат до 24 часа по објавувањето, a по овој рок тоа се прави исклучиво со наведување на изворот и креирање линк до оригиналниот текст. Доколку написот сакате да го преземете пред да изминат 24 часа, обратете се на anfaspogledpravo@gmail.com за да добиете дозвола преку и-мејл]





Обврзниците со понизок кредитен рејтинг се купуваат по пониска цена (high yield bonds) т.е. повисок принос до доспевање заради вкалкулираната премија за ризик. Во услови на низок, дури негативен реален принос на investment grade bonds, за одредени инвеститори, секако оние со висока толеранција за ризик, high yield bonds стануваат атрактивни. Тоа го покажуваат и светските текови на капитал и препораките на аналитичарите (оние вистинските,од Commerzbank, UBS итн). Заклучок:двата метра дистанца не држат вода сосема, информирајте се поубаво пред да впливате во води вои не ги познавате до крај. Во врска со кредитниот рејтинг, ок е текстот. Зошто пишувам како Anonymous? Заради етикетите, во оваа држава или си предавник или фашист, мислењето со своја глава не се признава.
ReplyDelete