Friday, May 3, 2013

„Македонски Телеком“ е на пат да го изгуби приматот во мобилната телефонија

Share 

Најголемиот мобилен оператор во земјава на крајот од ланската година имаше удел од 47,95 отсто од вкупниот број на претплатници во мобилната телефонија за разлика од почетокот на 2010 година кога тој удел изнесуваше 61,2 отсто.
„МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ“ ТРИ ГОДИНИ ПО РЕД безмалку од квартал во квартал губи претплатници во мобилната телефонија. 
Во изминатите 12 квартали, од почетокот на 2010 година до крајот на 2012 година, има само еден единствен квартал кога Телекомот нема изгубено по некој процент од вкупниот удел на претплатници во мобилната телефонија.

Ако во првиот квартал 2010 година, уделот на Телекомот во бројот на мобилните претплатници изнесуваше 61,2 отсто, тој удел на крајот од ланската година веќе изнесува 47,95 отсто, покажуваат податоците на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК)

Ваквиот пад изнеува 21,65 отсто во период од 3 години и ако тој продолжи и во следните 3 години уделот на Телекомот во мобилната телефонија ќе изнесува 37,57 отсто и со тоа ќе се отвори пат некои од неговите два конуренти (ВИП или ОНЕ) да го преземат приматот во бројот на претплатници во мобилната телефонија.
Графикони: АЕК
ОНЕ имаше тежок период од крајот на 2010 година до почетокот на ланската година, а во третиот квартал 2011 година го изгуби второто место од ВИП. Во последните три квартали лани ОНЕ, се чини, се стабилизира и престана да губи претплатници, но се уште треба да се почека за да се види некој посериозен раст.

Инаку, кога стнаува збор за Телекомот, проблемот е неговото наследство како прв и најголем мобилен оператор во земјата. Од таа гледна точка Телекомот не сака да биде прв што ќе почне да ги намалува цените во мобилната телефонија со цел да привлече нови клиенти, туку сака и да мисли на тоа како да извлече што е можно повеќе пари од постоечките клиенти, кои ги има во најголем број  споредено со конкуренцијата. 

Токму затоа, тој заостанува во промоциите и нудењето на нови и поевтини услуги во актуелната ценовна војна која се одвива меѓу мобилните оператори. Но, ваквото однесување, пак, Телекомот го плаќа со постојано намалување на својот удел во вкупниот број на мобилни претплатници.q


[Ве молиме споделете го написот на социјалните мрежи на кои сте активни и помогнете го критичкото и слободното новинарство. АНФАС на Фејсбук можете да го следите овде.] 

[Написите од АНФАС не смеат да се преземаат до 24 часа по објавувањето, a по овој рок тоа се прави исклучиво со наведување на изворот и креирање линк до оригиналниот текст. Доколку написот сакате да го преземете пред да изминат 24 часа, обратете се на anfaspogledpravo@gmail.com за да добиете дозвола преку и-мејл]

No comments:

Post a Comment