Не треба да се жалиме премногу. Подобри сме од Сомалија, која нема централна власт, чија економија се темели на исплати од киднапирање на странци и каде што локалните кланови постојано се колат едни со други, а пиратството на отворено море е секојдневна појава. Исто сме подобри и од Свазиленд, на пример, каде што тамошниот крал киднапира жени од улица за со сила да му станат сопруги и дел од неговиот харем.
СЕКОЈА ГОДИНА, НА ПОЧЕТОКОТ ОД ГОДИНАТА, власта најавува редица странски инвестиции – по 10 сигурни и по 10 во најава. Тоа се случи во написот на Курир од јануари годинава, како и во соопштение на Комитетот за странски инвестиции лани во јануари. Како што е познато, лани немаше ни приближно 20 странски инвестиции – ниту остварени, ниту пак најавени со име на инвеститорот.
![]() |
| Го издишавме светот од толку многу што инвестираше кај нас |
Инаку, во предизборната кампања за локалните избори годинава, се спомнуваа 289 милиони евра странски инвестиции, иако бројките говорат нешто сосема поинаку, како што ќе видиме подолу и 11.000 работни места, кои, исто така, или се обична лага или се однесуваат на период од којзнае колку години - од 2007 и идни можни вработувања до којзнае која година во иднината.
Она што лани навистина се случи е дека странските директни инвестиции паднаа 71 отсто и тоа од 468 милиони долари во
2011 на само 135 милиони долари во 2012.
Колку е, всушност бедна и неуспешна
политиката на привлекување странски директни инвестиции на актуелната власт најдобро покажува овогодишниот
извештај на УНКТАД.
![]() |
| Инвестирајте во Македонија - ќе ви купиме дирижабл |
Пониско ниво на инвестиции имавме и
од земји како сиромашната Молдавија, во која 10 отсто од жените се избегани од
земјата и продадени како бело робје низ Европа, Блискиот Исток и Русија и од земји како Таџикистан во централна Азија,
во кој од распадот на СССР тлее граѓанска војна и разни генерали имаат свои трупи
кои им се лојални само ним. Пониски инвестиции имаме и од сиромашната Ерменија, земја која се наоѓа во крајно нестабилен регион и која ја има окупирано провинцијата Нагорно-Карабах околу која е во спор со Азербејџан.
Споредби со Европа исто не вреди ни да се
прават, но човек навистина мора да се запраша како тоа имаме пониски странски
инвестиции од една карпа каква што е Гибралтар на која живеат околу 30.000
луѓе.
Особено сме „добри“ кога треба да се
споредуваме со Азија. Тука сме двојно подобри од Северна Кореја (кој ли
инвестира во Северна Кореја?), од новосоздадената и безнадежно сиромашна држава
Источен Тимор, како и од во бесконечна војна разрушениот и окупиран Авганистан. Подобри сме и од најизолираното
кралство на светот Бутан, но и од кралството Непал, каде што еден од
престолонаследниците едноставно ги уби сите оние припадници од своето поблиско
и подалечно семејство, кои претставуваа можна опасност за неговиот престол пред
само неколку години.
Од друга страна, се разбира дека не можеме да се мериме со
тоталитарниот режим во сиромашниот Лаос, чија економија живее од производство
на хероин, со Палестинските територии, каде што мирот и просперитетот владејат со векови, нели, и
кои душа дале за странски инвестиции и со „инвестицискиот рај“ Јемен, каде што, исто тлее граѓанска
војна и каде што половина држава е во рацете на Ал Каеда.
Е, кога станува збор за споредување со земјите од
африканскиот континент, тука сме прилично добри. Така, на пример, подобри сме
од Сомалија, која нема централна власт, чија економија се темели на исплати од
киднапирање на странци и каде што локалните кланови постојано се колат едни со
други, а пиратството на отворено море е секојдневна појава. Исто сме подобри и
од Свазиленд, на пример, каде што тамошниот крал киднапира жени од улица за со
сила да му станат сопруги и дел од неговиот харем.
Но од друга страна, не можеме да
се мериме со велесили како Того, на пример, каде што 12-13 годишни девојчиња се
проституираат за една кока-кола, со диктаторскиот режим на Зимбабве, кој е под меѓународни санкции, каде што инфлацијата
изнесува десетици илјади отсто и која има трипати повисоки инвестиции од
Македонија, со Етиопија, од каде што редовно ни пристигнуваа слики на
изгладнети деца со надуени стомаци или со Руанда, каде што пред 19 години имаше
меѓуплеменски масакр невиден уште од Втората светска војна.
Пред нас се исто
моќни држави како Мали, каде што до неодамна тлееше граѓанска војна, пред француската војска да ги растера припадниците на Ал Каеда за земјите од
Магребот, кои веќе 8 месеци имаа окупирано повеќе од половина држава и почнаа
да му се закануваат на главниот град Бамако и од крајно корумпирани и нарко
држави какви што се Гвинеја од каде што се превезува најголем дел од хероинот на
американскиот континант и Брегот на Слоновата Коска, која закрепнува од
диктатура и деценска граѓанска војна.
Во секој случај, еден од главните програмски столбови во политиката на актуелната власт, странските директни инвестиции, како што може да се види, одлично се држи. Како што исто добро се држи и вториот програмски столб - Скопје 2014, заради кој јавниот долг ни се искачи до 34,1 отсто од БДП, што е највисоко ниво во последните 7 години, а добар е и третиот програмско-политички столб на Владата на премиерот Никола Груевски, а тоа е поткупот преку земјоделските субвенции, кои наскоро на ова место ќе добијат посебна анализа.
Најновиот извештај на УНКТАД можете да го најдете овде (ПДФ датотека за преземање, 264 страници, на англиски јазик).q
[Ве молиме споделете го написот на социјалните мрежи на кои сте активни и помогнете го критичкото и слободното новинарство. АНФАС на Фејсбук можете да го следите овде.]
[Написите од АНФАС не смеат да се преземаат до 24 часа по објавувањето, a по овој рок тоа се прави исклучиво со наведување на изворот и креирање линк до оригиналниот текст. Доколку написот сакате да го преземете пред да изминат 24 часа, обратете се на anfaspogledpravo@gmail.com за да добиете дозвола преку и-мејл]






No comments:
Post a Comment