Saturday, September 21, 2013

ФОТО - DPMNE Art СКОПЈЕ 2013: Фонтани од камења и жица што се распаднаа за две години

Share  

Ова се веројатно најбрзо уништените фонтани направени било кога и било каде во светот.

Не знам дали сте знаеле дека покрај барокот и квази-античката уметност, ВМРО-ДПМНЕ негува уште еден уметнички правец, кој е толку многу авангарден што уште нема име. А, со оглед на тоа што уметничките дела од овој непознат правец се распаѓаат за две години и потоа ги снемува, големи се шансите ваквата уметност никогаш и да не добие име.

ВМРО-вска естетика - канта за ѓубре меѓу фонтани. При што кантата за ѓубре изгледа подобро од фонтаните - барем не е `рѓосана.


Главни одлики на оваа уметност се камења и метална жица. Или поточно куп камења наставани во правоаголни и коцкести формати од железо и жица. Станува збор за четири фонтани, кои беа поставени на Патизанска во Скопје наспроти Градежниот факултет точно пред две години.

Кавка фонтана, каков уметнички израз! Можете ли да замислите дека одовде се пиела вода донеодамна! Металниот поклопец на горната слика за неколку дена ќе биде продаден на отпад за старо железо

Како овие каменесто-жичени фонтани изгледаат денеска, најдобро се гледа од сликите. Од тежината на камењата, од дождовите, од водата од фонтаните и од промената на температурите железото и жиците `рѓосаа, камењата почнаа да паѓаат на сите страни и сега во покрај камења во жичените коцки има и богат асортиман на ѓубре.

Уметникот не знаел дека камењата тежат, како и дека постои нешто што се вика гравитација. А, камоли, пак, дека железото `рѓосува на отворено и тоа особено ако врз него паѓа вода од фонтаната.

Тогашната ВМРО-вска власт во Центар на оваа автобуска постојка урна сендвичара, киоск за весници и уште еден на ЈСП за овие каменесто-жичени фонтани и каменесто жичени клупи, кои денеска скапуваат. Она што е најчудно е што во распаднатите и `рѓосани жичени корпи недостигаат камења. Небаре некој си ги однел дома. За овие каменесто жичени чудовишта ВМРО-вците од Центар направија и цела водоводна инсталација, поставија бекатон плочки од нивната блиска фирма Мак Метал од Кавадарци, а од едната фонтана дури водата беше и за пиење.

Од под едната клупа недостасуваат речиси сите камења. Другата, пак, некој ја смешал со канта за ѓубре и фрлил пакување од Смоки. Сега се чека само да до`рѓоса железото и некој да тресне на земја заедно со клупата

Денеска од тоа останаа само правоаголни „кошници“ од `рѓосана жица, полни со камења и ѓубре. Се чека само жицата да до`рѓоса и камењата да се струполат врз некој од блиските паркирани автомобили и да искршат некој фар или шофершајбна или, пак, уште полошо, некому да му паднат на нозе.

Оригинална идеја - фонтана како огласно пано

[Ве молиме споделете го написот на социјалните мрежи на кои сте активни и помогнете го критичкото и слободното новинарство. АНФАС на Фејсбук можете да го следите овде.]

[Написите од АНФАС не смеат да се преземаат до 24 часа по објавувањето, a по овој рок тоа се прави исклучиво со наведување на изворот и креирање линк до оригиналниот текст. Доколку написот сакате да го преземете пред да изминат 24 часа, обратете се на anfaspogledpravo@gmail.com за да добиете дозвола преку и-мејл]

 

2 comments:

  1. И како е САМО власта (која и да е) крива а никако ние граѓаните? Роден сум на20 метара од корпиве, и мислам дека беше редно време да се срушат семкарите од таа автобуска. Не знам дали овде биле планирани "фонтани" но ако и се уништиле, вината е подеднаква и на граѓаните и на општината, чива и да е. Излезете еднаш од тие партиски шеми и критикувајте коректно.

    ReplyDelete
  2. Најтрагично е што ова повеќе зборува за нивото на културата на луѓето што живеат во градов.

    ReplyDelete