Friday, February 13, 2015

Домашните туристи лани оствариле четврт милион помалку ноќевања отколку во кризната 2009 година

Share
ШУЌУР!!! ЗА ПРВПАТ ВО ПЕРИОД ОД 6 ГОДИНИ лани порасна бројот на домашните туристи во земјава. Бројот на странски туристи, пак, продолжи да расте, како што растеше и претходните години.

Од друга страна, бројот на ноќевања на домашните туристи продолжи да паѓа 6-та година по ред.

Иако бројот на странските туристи во Македонија е поголем од бројот на домашните (425.314 наспроти 310,336), домашните се оние кои остваруваат повеќе ноќевања (1.273.370 наспроти 922.513). Ова покажува дека странските туристи не доаѓаат на класичен одмор во земјава, туку тие во најголем дел доаѓаат заради кратки деловни патувања, шопинг тури или територијата на Македонија ја користат за транзит.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи не само што лани беше помал од кризната 2009 година, кога цел свет беше во рецесија, туку разликата сега достигна цели 250.000 ноќевања. Ова почнува да личи како глобалната рецесија во Македонија никогаш да не престанала.



[Ве молиме споделете го написот на социјалните мрежи на кои сте активни и помогнете го критичкото и слободното новинарство. АНФАС на Фејсбук можете на го следите овде.] 

[Написите од АНФАС не смеат да се преземаат до 24 часа по објавувањето, a по овој рок тоа се прави исклучиво со наведување на изворот и креирање линк до оригиналниот текст. Доколку написот сакате да го преземете пред да изминат 24 часа, обратете се на anfaspogledpravo@gmail.com за да добиете дозвола преку и-мејл]

No comments:

Post a Comment