
Во последните 5 години туризмот и во цела Македонија и во Скопје бележи раст од 22,7 отсто, а ни приближно 54 отсто како што кажа министерката за култура Елизабета Канчевска-Милевска на отчетот за Скопје 2014. Со овој лажен податок се сакаше да се покаже дека Скопје 2014 го помага развојот на туризмот, иако е нејасно каква врска има овој проект со туризмот во 2008 или 2009 година, на пример, кога тогаш ниеден објект од Скопје 2014 не беше готов.
РЕЖИМ КОЈ ЛАЖЕ ЗА БРОЈКИ и тоа само за да си го одржи рејтингот, и тоа за бројки што претставуваат статистички индикатори, што се објавени и што можат многу лесно да се проверат, е во вистинска неволја. Тоа веќе подолго време го практикуваат највисоки претставници на власта во надеж дека она што го говорат нема никој да го провери, туку дека ќе им поверува наслепо.
Еве ги зборовите на министерката за култура Елизабета Милевска Канчевска на прес конференцијата по повод отчетот за проектот Скопје 2014:
- Проектот придонесе за 54 проценти зголемување на туристите во последниве пет години (...) – рече таа и излажа.Оваа изјава е неточна и манипулативна на толку многу нивоа што човек ни не знае од каде да почне во нејзиното раскринкување. Но, ајде да почнеме од бројките.
Податоците за бројот на туристите ги објавува Државниот Завод за статистика и тоа секој месец. За последните 3 години има месечни соопштенија, а за претходниот период овие бројки се наоѓаат во МАКСтат базата на Заводот. А, еве што велат тие:
За цела Македонија:
Година
|
Вкупен број на
туристи
по години
|
Раст/пад на
бројот на туристи во проценти
|
2008
|
605
320
|
12,9
|
2009
|
587 770
|
-2,9
|
2010
|
586
241
|
-0,3
|
2011
|
647 568
|
10,5
|
2012
|
663 633
|
2,5
|
Вкупен раст:
|
22,7
|
За Скопје:
Година
|
Вкупен број на
туристи
по години
|
Раст/пад на
бројот на туристи во проценти
|
2008
|
138 209
|
12.3
|
2009
|
131
268
|
-5.0
|
2010
|
138 456
|
5.5
|
2011
|
154
163
|
11.3
|
2012
|
152 412
|
-1,4
|
Вкупен раст:
|
22,7
|
Овие бројки имаат смисла. 2009 и 2010 беа години на светската рецесија и нормално е во нив да има пад на бројот на туристи или мал раст. Но, од друга страна, лани, кога веќе на Плоштадот имаше готови објекти од Скопје 2014, според Канчевска Милевска требаше да се очекува растот на бројот на туристите да продолжи после успешната 2011, но тој се покажа анемичен на национално ниво, додека во Скопје дури и забележа пад од 1,4 отсто.
КОЈ ЛАЖЕ...
И така, министерката едноставно излажа кога рече дека бројот на туристите пораснал за 54 отсто за 5 години. Можеби е премногу грубо, па и некултурно да се пишува вака и да се употребува зборот „лага“ за висок државен функционер, но, за жал, нема друг посоодветен збор како да се оквалификува ваквата изјава на Канчевска Милевска.
А, сега за манипулативната природа на нејзината изјава. Каква врска има растот или падот на бројот на туристите во периодот од изминатите 5 години со Скопје 2014? Пред 5 или пред 4 години, па дури и пред 3,5 години немаше изградено ниеден објект од Скопје 2014 и плоштадот во тој период или беше истиот стариот или беше градилиште, какво што е и сега, иако сега веќе има што да се види ако сте по скулптури. Така што, за туризмот во 2008, 2009 и до првата половина од 2010 година, Скопје 2014 нема никакво влијание влијание врз туризмот. Напротив, во тој период може да има и негативно влијание зашто никој не доаѓа да гледа градилишта.
Првите споменици на Плоштадот „Македонија“ беа оние на Гоце Делчев и Даме Груев поставени на почетокот на мај 2010 година, додека споменикот на Александар Македонски беше поставен во јуни 2011 година. Пред тоа, на Плоштадот немаше ништо за гледање што би заинтригирало било кој турист. Со ова донекаде се согласува и премиерот Никола Груевски, кој во ноември лани во изјава за „Фајненшл Тајмс“ (ФТ) влијанието на Скопје 2014 врз туризмот го мери „откако почнаа овие градби“. Еве што рече тој за ФТ:
Првите споменици на Плоштадот „Македонија“ беа оние на Гоце Делчев и Даме Груев поставени на почетокот на мај 2010 година, додека споменикот на Александар Македонски беше поставен во јуни 2011 година. Пред тоа, на Плоштадот немаше ништо за гледање што би заинтригирало било кој турист. Со ова донекаде се согласува и премиерот Никола Груевски, кој во ноември лани во изјава за „Фајненшл Тајмс“ (ФТ) влијанието на Скопје 2014 врз туризмот го мери „откако почнаа овие градби“. Еве што рече тој за ФТ:
- Ние сме независни само 21 година. Пред тоа бевме под туѓа власт, под власт од други земји. Сега сме независни и нормално е да изградиме некои скулптури и симболи на државноста. Ова е направено во сите земји. Второ, ова е многу атрактивно за туристите. Откако почнаа овие градби, растот на туризмот изнесува околу 20 отсто, така што јас верувам дека сите овие инвестиции ќе се вратат на некој начин.Ете, Груевски мери „откако почнаа овие градби“ и пред 6 месеци рече дека туризмот пораснал 20 отсто, а Канчевска-Милевска мери од пред 5 години и погрешно вели дека туризмот пораснал 54 отсто. Но, за жал, кога станува збор за бројките, и Груевски, исто како и Канчевска-Милевска, не ја говори вистината.
... ТОЈ И КРАДЕ ...
„Откако почнаа овие градби“, во 2010 година, туризмот забележа пад од 0,3 отсто, за преклани да порасне 10,5 отсто, додека растот на бројот на туристите во првите 9 месеци од 2012 (месеци за кои имаше последни достапни податоци кои Груевски можел да ги искористи во неговата ноемвриска изјава за ФТ) изнесува само 2,5 отсто. Ова значи дека во тој период од 2 години и 9 месеци туризмот забележал раст од само 12,7 отсто, а не од 20 отсто како што премиерот го убедува ФТ.
„Откако почнаа овие градби“, во 2010 година, туризмот забележа пад од 0,3 отсто, за преклани да порасне 10,5 отсто, додека растот на бројот на туристите во првите 9 месеци од 2012 (месеци за кои имаше последни достапни податоци кои Груевски можел да ги искористи во неговата ноемвриска изјава за ФТ) изнесува само 2,5 отсто. Ова значи дека во тој период од 2 години и 9 месеци туризмот забележал раст од само 12,7 отсто, а не од 20 отсто како што премиерот го убедува ФТ.
Инаку, кога станува збор за бројки, Груевски си лаже по навика. Еве што рече минатата недела, на 17 април, за индустриското производство:
- Февруари е втор месец како индустриското производство почна да расте. Се надевам дека тоа ќе прерасне во тренд и тоа е добар сигнал. Одредени работи што Владата претходно ги направи во економијата почнаа да даваат резултат и мене ме радува тоа, иако се уште во ЕУ, особено во европската монетарна зона ситуацијата е стегната на некој начин и се уште има одредена неизвесност, низок раст или пад на БДП, а ние сме во голема мера зависни од таа економија и затоа се уште со воздржаност, би кажал, но ме радува фактот што два месеца по ред има раст на индустриското производство. (потцртаното наше)И ова е, се разбира, лага. И тоа кажана двапати во една изјава. Вистината е сосема поинаква. До февруари годинава, последен месец за кој има податоци, индустриското производство паѓаше цели 17 месеци по ред – месец за месец во однос на истиот месец претходната година. За првпат по 17 месеци индустриското производство покажа раст февруари годинава од 4,5 отсто. Ова е очекувано зашто индустриското производство не може постојано да паѓа. Еден месец од 18 мора и да порасне. Но, проблемот е во тоа што не станува збор за раст на индустриското производство „два месеца по ред“, туку само еден месец – февруари – и толку. Во јануари годинава, како и претходните 16 месеци, индустриското производство падна. А, за овој раст на индустриското производство во февруари допрва треба да видиме дали станува збор за тренд или за исклучок.
... ВОШКИ ИМА ...
Да се вратиме на Скопје 2014 и туризмот. Големо прашање што треба да се постави е колку е значајна врската меѓу градбите од Скопје 2014 и растот на бројот на туристите.
Да се вратиме на Скопје 2014 и туризмот. Големо прашање што треба да се постави е колку е значајна врската меѓу градбите од Скопје 2014 и растот на бројот на туристите.
![]() |
Сите фотографии: Влада на РМ |
Ако го прашате, на пример, министерот за земјоделство, Љупчо Димовски, зошто во ситуација кога земјоделските субвенции постојано, од година во година растат, за годинава да достигнат сума од дури 135 милиони евра, а истовремено расте и увозот на храна, тој налутено ќе ви каже дека тоа едно со друго нема врска и дека станува збор за два сосема различни трендови.
Но, кога станува збор за Скопје 2014 и растот на бројот на туристите, тогаш власта веднаш наоѓа врска и тоа дури и за годините кога објектите од Скопје 2014 воопшто не беа ни поставени.
Од друга страна, пак, како што и покажуваат бројките на државната статистика, растот или падот на бројот на туристите има многу повеќе врска со актуелната економска состојба во земјата, во регионот и во светот. Во 2009 година бројот на туристите падна заради светската рецесија. Потоа, на растот на бројот на туристите преклани, на пример, бездруго влијаеше и реновирањето на аеродромот „Александар Велики“ и проширувањето на неговите капацитети, заради што се зголеми и бројот на авиопатниците во 2010 и 2011 година.
... И НА ТАВАНИ СПИЕ
Како што Канчевска-Милевска сака да каже дека иднината ќе покаже дали барокот е добар избор за градбите од Скопје 2014, исто така, допрва ќе треба да видиме дали овој проект има врска со растот на брјот на туристите. Настрана фактот што Македонија со своите 181 хотел е држава со најмал број хотелски сместувачки капацитети во цела Европа, освен ако не го сметаме минијатурниот Лихтенштајн, кој има само 10 хотели. А, без доволно хотели никакви споменици нема да го помогнат растот бројот на туристите.
Како што не помагаат ниту лагите за статистички податоци кои многу лесно можат да се проверат.q
[Ве молиме споделете го написот на социјалните мрежи на кои сте активни и помогнете го критичкото и слободното новинарство. АНФАС на Фејсбук можете на го следите овде.]
[Написите од АНФАС не смеат да се преземаат до 24 часа по објавувањето, a по овој рок тоа се прави исклучиво со наведување на изворот и креирање линк до оригиналниот текст. Доколку написот сакате да го преземете пред да изминат 24 часа, обратете се на anfaspogledpravo@gmail.com за да добиете дозвола преку и-мејл]
Туризмот не се мери во број на туристи, туку во број на остварени ноќевања... Толку пишување - џабе. Туризмот на ниво на Македонија е пораснат за 54%, а на ниво на Скопје е за 63%, и тоа е според официјалните бројки. Неофицијалните (дузина главно млади туристи се сместуваат на диво - непријавено) се во поголем број.
ReplyDeleteМетодија, не ми текна мене од небо да мерам „број на туристи“. Тоа е од збор до збор како што рече министерката. Таа не зборува за „туризмот“, туку зборува за „број на туристи“. Значи, Канчевска Милевска говори за „број на туристи“ и јас мерам „број на туристи“. Единствен кој говори за „туризмот“ си ти.
ReplyDeleteИнаку, ако мислиш дека туризмот не се мери преку бројот на туристи, тогаш имаш проблем со Канчевска Милевска, а не со мене и оди расправај се со министерката зашто таа така вели. Како што таа рече, тие податоци ги објавив.
Инаку, ако веќе зборуваме за тоа како се мери „туризмот“, тогаш ако баш сакаш да знаеш, тој се мери и преку број туристи и по број на остварени ноќевања, но и по број на сместувачки капацитети. Освен ако ти мислиш дека Државниот завод за статистика, кој ги мери сите овие три показатели, прави нешто што не треба или нешто што не ти е по ќеф. Ако е така, тогаш повторно оди расправај се со Државниот завод за статистика, а не со мене и научи ги како да го мерат туризмот.
Инаку, еве ти ги долу податоците за бројот на ноќевањата од 2008 до 2011 за цела Македонија. Како што гледаш, не само што нема никаков раст во овие 4 години, туку има пад. Тој трае од 2008 до 2010, за потоа да има раст во 2011, но тој не е доволен за да се покрие падот од 2008. За 2012 треба да се собира по месеци, а јас за тоа сега немам ни време, ни нерви, ниту пак има потреба. Провери си сам - имаш горе линкови. Арно ама, пак ти велам нема потреба. Кога гледам дека од 2008 до 2011 има пад и кога гледам дека бројот на туристи во земјата бележи раст од само 2,5 отсто во 2012, тогаш нема ама баш никакви шанси бројот на ноќевања да покаже таков огромен раст, само во 2012, за да има раст од 54 отсто за последните 5 години, а уште помалку 63 отсто за Скопје (од каде ја извади оваа бројка само да знам). Ама, ако не веруваш, земи пресметај.
Ноќевања на туристи, по региони, по години - Вкупно - Република Македонија
2008 2009 2010 2011
2235520 2101606 2020217 2173034
Ако до сега не е зголемен бројот на туристи заради проектот Скопје 2014, очекувам сигурно да се зголеми. Луѓето од цел свет ќе доаѓаат да ни се смеат.
ReplyDelete