
Според законот, Воинот на коњ, најголемата метална скулптура во земјата и другите 37 скулптури од проектот Скопје 2014, се само „спомен обележја“, кои имаат локално значење, а не „споменици“ од национално значење. Правно гледано, тие имаат иста важност како и селска чешма изградена од рурална Општина.
МИНИСТЕРКАТА ЗА КУЛТУРА, ЕЛИЗАБЕТА КАНЧЕВСКА МИЛЕВСКА, во својот официјален „отчет“ за проектот Скопје 2014 изјави дека во неговите рамки биле изградени „38 споменици“. Владеjачката партија ВМРО-ДПМНЕ, пак, во вчерашното соопштение вели дека само Талибанците рушеле „споменици“, сакајќи да имплицира дека СДСМ ќе ги рушел. Проблемот е само што во проектот Скопје 2014 нема ниту еден, а камоли 38 „споменици“. Тоа треба да го знае и министерката, кога говори на официјални прес конференции и владејачката партија кога објавува официјални соопштенија.
За што станува збор? Многу едноставно. За
некоја скулптура или некој друг објект да може да се нарече „споменик“, за тоа
треба да донесе одлука Собранието на РМ. Како што е познато, од страв дека
проектот Скопје 2014, потрошените пари за него, барокот, контроверзното користење на ликовите на
Александар Македонски и Филип Втори и антиквизацијата ќе бидат предмет на
остра дебата во Парламентот, владејачката партија реши сите одлуки за ова да и
ги предаде на Општина Центар, а таа да ги даде парите. Така, за ова се дискутираше во општинскиот Совет,
каде што ВМРО-ДПМНЕ има мнозинство и каде што оваа дебата не го доби неопходното
внимание на јавноста и потребниот публицитет, туку се одвиваше само меѓу советниците и подалеку од камерите на Собранискиот канал.
Проблемот со ова е што општините, според Законот за меморијалните споменици и спомен обележјата (1.10.20014 година, Сл. В. бр.66/04) немаат надлежност да одлучуваат за градење и поставување на
споменици, туку само за спомен обележја.
Но, на ВМРО-вската пропаганда оваа дистинкција и е небитна. Таа постојано говори само за „споменици“ и за овие скулптури воопшто не го спомнува законскиот и правно соодветниот термин
„спомен-обележје“.
Тоа се прави намерно. Зборот
„споменици“ звучи далеку поважно и има поголема тежина, а законите и правната
терминологија нека одат по ѓаволите. Важно е да се изманипулира јавноста.
Проблемот е во тоа што спомен обележјата имаат само локално
значење за општината и толку. Тоа значи дека, на пример, најголемата метална
скулпура во државата, Воинот на коњ, термин зад кој е лошо затскриен идентитетот на Александар Македонски и скулптура која е поставена на централниот
и главен плоштад (кој, патем, се вика Плоштад Македонија) и кој се наоѓа во строгиот
центар на главниот град во државата, всушност не е споменик од национално значење, туку само спомен
обележје од локално значење.
Ова, исто така, значи и дека најграндиозната скулптура во земјата има ист правен
статус како и некоја мермерна табла со големина од 90 на 120 сантиметри,
закачена на некоја постара куќа на периферијата од градот, на која е напишано дека во неа се одржала средба на претставници на народно ослободителното движење во текот на Втората
светска војна или нешто слично. Уште повеќе, ова значи и дека Воинот на коњ од законска гледна точка има исто значење и важност со селска чешма, зашто според Законот и чешмите можат да бидат спомен обележја ако се изградени од Општината.
Покрај тоа, ова значи и дека споменикот (во овој случај вистински споменик – и тоа
и правно и законски) на Гоце Делчев, на пример, кој е поставен на влезот на Градскиот парк,
зад фонтаната, и кој е 5-6 пати помал од 20-метарскиот колос во центарот на градот, има поголемо значење, според законот, од Воинот на коњ, од спомен обележјето на Филип Втори и
од сите други 36 спомен обележја од проектот Скопје 2014, иако значителен број од нив се поголеми од споменикот на Гоце Делчев. За апсурдот да биде поголем, скулптурата на Гоце Делчев на коњ пред Камениот мост е само спомен обележје, а двојно помалата скулптура на Гоце Делчев во градскиот парк е споменик.
Фотографии: Википедија |
За жал, дури и претставници на опозицијата за овие спомен обележја го користат терминот „споменици“, наместо да укажат на небулозите, апсурдот и контроверзите што власта отворено ги сервира во јавноста и го труе јавниот дискурс.
P.S.: Името на Законот кое гласи Закон за меморијалните споменици и спомен обележјата во себе содржи тавтологија - „меморијален споменик“. Меморија и спомен или меморијал и споменик се едно те исто. Дури и имињата на законите ни се глупави.q
P.S.: Името на Законот кое гласи Закон за меморијалните споменици и спомен обележјата во себе содржи тавтологија - „меморијален споменик“. Меморија и спомен или меморијал и споменик се едно те исто. Дури и имињата на законите ни се глупави.q
[Ве молиме споделете го написот на социјалните мрежи на кои сте активни и помогнете го критичкото и слободното новинарство. АНФАС на Фејсбук можете на го следите овде.]
[Написите од АНФАС не смеат да се преземаат до 24 часа по објавувањето, a по овој рок тоа се прави исклучиво со наведување на изворот и креирање линк до оригиналниот текст. Доколку написот сакате да го преземете пред да изминат 24 часа, обратете се на anfaspogledpravo@gmail.com за да добиете дозвола преку и-мејл]
ne postojat memorijalni i obicni spomenici. memorial i spomenik e edno isto. ima li nekoj portal vo makedonja sto ima vraboteno LEKTOR ili im treba KOLEKTOR.
ReplyDeleteНе сум сигурен дека го разбирам коментаров. Тоа што името на Законот е граматички неправилно, не се виновни порталите, туку Парламентот, Владата, Секретаријатот за законодавство и Службен весник. Портали не даваат имиња на закони.
Deleteсрамота
ReplyDeleteНикој кој ќе ги види СПОМЕНИЦИТЕ нема да се запраша низ каква законска процедура тие се поставени, едноставно тие се тука и сведочат за историјата на еден народ, на една земја!
ReplyDeleteТебе можеби формата ти е поважна од суштината, но верувај дека на 90% од луѓето не им е важно, едноставно спомениците се тука и тие или им се допаѓаат или не, а на мое искрено задоволство мнозинството на Македонци го делат моето мислење!
Gianni, она што ти го нарекуваш ФОРМА, тоа, всушност, во овој контекст се вика ДЕМОКРАТИЈА. Демократијата е збир на однапред договорени процедури, кои мора да се испочитуваат за законски да се одлучи дали нешто што е СОДРЖИНА ќе се спроведе или не. Непочитувањето или изигрувањето на демократските процедури (ФОРМАТА), доведува до вакви апсурди за какви што станува збор во текстот. Овде се говори за споменици и спомен обележја, но некогаш ако не се почитува формата (ПРОЦЕДУРИТЕ) во едно демократско општество или ако тоа се прави почесто, или постојано, во подолг период, демократијата се претвора во нешто друго...
Deletedobar moj Dzani,
DeleteZaradi resavanje na problemite so politicki namesto so pravni sredstva, ja izgubivme drzavata.
toliko puno protivurjecnosti,nelogicnosti,nestrucnosti,neznanja,prostackog kich mentaliteta,kao sto se dade vidjeti i procitati uvezi projekta skopje 2014, ja do sada nisam uspio pronaci nigdje pa cak i u onim cuvenim poput kirgistana,azerbejdjana,s.koreje ect.gdje se ovakav arhitektonski cirkus cjeni kao nacionalni ponos. Pobogu, pa macedonija je geogravski valjda u europi a ne u aziji. vami definitivno nema pomoci.
ReplyDelete