Friday, May 24, 2013

ВМРО-ДПМНЕ емитуваше 8 пати повеќе реклами од СДСМ на изборите - за плаќање ќе видиме

Share
ВМРО-ДПМНЕ го надмина СДСМ во нарачките и емитувањето на предизборни реклами во сооднос осум спрема еден. Проблем е само што додека СДСМ има платено 87 отсто од рекламите, ВМРО-ДПМНЕ има подмирено едвај 4 отсто од цехот. Остатокот ќе го платиме сите ние. 
ВМРО-ДПМНЕ на мартовски локални избори се рекламираше без прекин и каде стигнеше. За владејачката партија парите не се проблем. Не се проблем зашто таа нема да ги плати, туку за неа тоа ќе го стори националниот буџет.
Фактот што борчовите на ВМРО-ДПМНЕ се уште не се платени ни речиси два месеци по изборите го покажува тоа, иако според законот рекламирањето мора да се плати исклучиво од посебната партиска сметка отворена само за донации и плаќање трошоци поврзани со изборите. И иако оваа сметка треба да се затоври 30 дена по завршување на изборите, што значи дека во тој рок ВМРО-ДПМНЕ морал да ги подмири сите долгови поврзани со кампањата. Но, наместо тоа, владејчката партија сметките ќе си ги подмири или од пријателските фирми - приватни, но и државни, а во кои директори се вмровци, зашто сите тие имаат право 5 отсто од своите годишни приходи да ги донираат.

Право на донација, исто во износ од 5 отсто од годишните приходи, имаат и самите медиуми, така што оние блиските до власта, каде што ВМРО-ДПМНЕ воглавно ги нема подмирено сметките, најверојатно никогаш нема ни да ги подмири, туку ќе добие „донација“ од самите медиуми блиски до неа.

За сметка на тоа, пак, ВМРО-ДПМНЕ, во следните државни и буџетски финансирани кампањи, овие свои пријателски медиуми ќе ги преполни со државни реклами, така што медиумите ќе си го наплатат предизборното рекламирање и тоа повеќекратно. Само што овојпат тоа ќе биде со наши народни пари. Така што, следниот пат кога на телевизија ќе видите некоја државна кампања, знајте дека тоа власта со ваши пари се раздолжува за предизборното рекламирање.

Како инаку да се објаснат попустите што Канал 5 им ги дава на властодршците и тоа од 72 отсто и Сител со 60 отсто? Сигурно двете најголеми национални телевизии во земјава, обете провладини, ова не го прават од љубов.

ЛЕГЕНДА ЗА ТАБЕЛИТЕ: Извештаи на медиумите , доставени до Антикорупциската комисија, за износот во кој е нарачано време за рекламирање на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, добиените попусти, сумата за плаќање по пресметани попусти и нивото на платени фактури до 20 мај 2013 година по медиуми и вкупно. Сите износи се во денари, освен последниот ред во двете табели во кој вкупните износи се конвертирани во евра.


Коалиција
ВМРО-ДПМНЕ
Во денари
Секунди
Купил
Попуст
За плаќање
после
попусти
Должи
Канал 5
219.021
12.390.631
8.900.000
5.490.631
5.490.631
Сител
192.288
16.424.769
9.870.000
6.554.769
6.554.769
МПМ

18.123.368

18.123.368
18.123.368
Антена 5
13.242
960.972

960.972

ТВ Здравкин
- Велес

874.541
175.000
699541
699.541
ТВ Тера Битола
203.103
2.169.161

2169161
2.169.161
Спортско Радио
3.136
192.864

192864
192.864
ТВ Стар Штип
138.683
727.971
260.000
467971
467.971
ТВ Менада
- Тетово
141.945
631.000

481000
477.000
Вечер

4.865.880
3.635.880
1230000
1.230.000
Интел Струмица
203.040
1.621.322
180.000
1441322
1.441.322
ТВ Тера
203.103
2.169.161

2169161
2.169.161
Протел Радио
- Пробиштип
133.637
385.675
100.000
385675
285.675
ТВ Кисс
82.352
430.500

430500

Клуб ФМ Радио
1.687
122.399

122399
122.399
СИТИ Радио
9.032
655.598
352.000
303598
303.598
ТВ Амазон

434.961
85.000
349961
349.961
Метрополис
- Радио
7.980
1.152.567
100.000
1052567
1.052.567
ТВ Канал 21
- Велес
236880
1167328
100.000
1067328
609.019
Шутел

849.159
249.008
609019
609.019
Златен Канал
- Крива Паланка
122.404
368999
150000
218.999
218.999
Експрес Радио
- Струмица
10.628
188.115
188.115


НИК Нова Принт

1.603.440

1.603.440
1.603.440
ВКУПНО

68.510.381
24.345.003
45.656.275
43.702.494
Вкупно во евра

1.113.990
395.854
742.378
710.610

Коалиција
СДСМ
Во денари
Секунди
Купил
Попуст
За плаќање
 после
 попусти
Должи
24 Вести
3.960
2.060.705

1.960.175

Алсат-М
3.960
2.214.000

2.214.000

Телма
7.118
3.203.000
801.000
2.402.000

Антена 5 радио
384
27.867

27.867

ТВ Здравкин

194.590

194.590
194.590
ТВ Тера Битола
10.337
340.570

340.570
340.570
ТВ Менада Тетово
1.040
6.000

6.000
6.000
ТВ Интел Струмица
19.704
151.967
28.967
123.000
123.000
Радио Кисс  Тетово
3.589
6.622

6.622
6.622
ТВ Тера
10.337
340.570

340.570
340.570
ЕКО Радио Пробиштип
350
3.960
360
3.960
3.960
Протел Радио Пробиштип
2.160
7.982

7.982

ТВ Кисс
10.668
55.719

55.719

ТВ Амазон

51.005

51.005
14.632
ТВ Канал 21 Велес
7.800
23.600

23.600

Златен Канал Крива Паланка
690
2.038

2.038
20.38
Експрес Радио Струмица
10.887
192.699
174.704
17.995

ВКУПНО

8.882.894
1.005.031
7.777.693
1.031.982
Во евра

144.437
16.342
126.467
16.780

Напомени: Износите се преземени од извептаите на самите медиуми доставени до Државната комисија за спречување на корупцијата. Не е јасно зошто ТВ Тера од Битола има поднесено два извептаи, но со оглед на тоа што тие содржат различни цифри и износи, овде се вклучени и двата. Извештаите на „Нова Македонија“ и на ТРД Радио Нова Зора на страната на ДКСК не се отвораа попладнево. Кога ќе се кликншее на линкот, серверот вели дека таква датотека не постои. Извештајот на ТРД Радио Нова Зора се уште не се отвора ноќва, а линкот до извептајот на Нова Македонија е отстранет и името на весникот целосно е избришано од страната на ДКСК. Во горната листа од непознати причини не се вклучени сите медиуми на кои имаше политички маркетинг. На листата, на пример, недостасува ТВ Алфа, иако и оваа телевизија емитуваше предизборни реклами, а сигурно има и други медиуми што недостасуваат. Ако се земе предвид фактот што на Алфа и во Нова Македонија воглавно или исклучиво се рекламираше владеачката коалиција, тогаш потрошените средства од нејзина страна сигурно се поголеми од овде наведените. Извор: ДКСК
Забелешки:

1. Износот од 1,114 милиони евра, за кој ВМРО-ДПМНЕ нарача реклами на локалните избори е 8 пати поголем од износот од 144 илјади евра, колку што нарача СДСМ.

2. ВМРО-ДПМНЕ доби 35 отсто попуст на вкупната нарачка од медиумите, додека СДСМ од својата нарачка доби само 11 отсто попуст.

3. ВМРО-ДПМНЕ должи 96 отсто од парите што треба да им ги плати на медиумите, додека СДСМ должи само 13 отсто. И во двата случаи износите што се должат се заклучно со 20 мај 2013 година.

4. ВМРО-ДПМНЕ само во Канал 5 има потрошено повеќе пари за предизборно рекламирање од севкупниот буџет за медиуми на СДСМ.q


[Ве молиме споделете го написот на социјалните мрежи на кои сте активни и помогнете го критичкото и слободното новинарство. АНФАС на Фејсбук можете да го следите овде.] 

[Написите од АНФАС не смеат да се преземаат до 24 часа по објавувањето, a по овој рок тоа се прави исклучиво со наведување на изворот и креирање линк до оригиналниот текст. Доколку написот сакате да го преземете пред да изминат 24 часа, обратете се на anfaspogledpravo@gmail.com за да добиете дозвола преку и-мејл]

No comments:

Post a Comment