Monday, May 6, 2013

Канал 5 се шекна – бара на суд новинарите да мора да откриваат извори

Share

Телевизијата бара на суд новинарот да го каже изворот при тужба за навреда и клевета. Ова иако Уставот го гарантира правото на заштита на изворот на информацијата.

НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА КАНАЛ 5 во претпразнично испратените забелешки на новиот Закон за медиуми и аудиовизуелни услуги стана предмет на национална бламажа кога побара новинарите на суд да мора да го кажат изворот кога се судени за клевета или навреда.
Ваквата забелешка телевизијата ја даде во ситуација кога и во Уставот на Република Македонија, во членот 16, став 6, „се гарантира правото на заштита на изворот на информацијата во средствата за јавно информирање“.
Инаку, забелешките на Канал 5 на законот, кои можете да ги најдете овде (Microsoft Word документ - за преземање), се под секое ниво на службена комуникација и изгледаат како телевизијата да и наредила на некоја тетка од соседството да се кара со законодавецот.

Нема новопредложени членови, нема барања за измени и додавки на зборови во конкретни членови, не се користи правничка терминологија и сето тоа изгледа како мало дете да бара уште едно лижавче. Сепак, во овој случај „малото дете“ од Канал 5 во своите забелешки постојано ги има на ум интересите на сопствениците и на менаџментот, додека забелешките, секаде каде што тоа е можно, се на штета на новинарите.

Покрај тоа, Канал 5 нема ништо против одредбата за забрана на спонзорирање на информативни програми, која, исто така, сама по себе претставува ограничување на слободата на мислење и изразување, туку бара само допрецизирање на оваа забрана.q


[Ве молиме споделете го написот на социјалните мрежи на кои сте активни и помогнете го критичкото и слободното новинарство. АНФАС на Фејсбук можете да го следите овде.] 

[Написите од АНФАС не смеат да се преземаат до 24 часа по објавувањето, a по овој рок тоа се прави исклучиво со наведување на изворот и креирање линк до оригиналниот текст. Доколку написот сакате да го преземете пред да изминат 24 часа, обратете се на anfaspogledpravo@gmail.com за да добиете дозвола преку и-мејл]

No comments:

Post a Comment