Бугарија и Романија го отворија мостот Видин-Калафат, кој нуди и поевтин транспорт на стоки кон Европа од пристаништето Пиреја во Атина, а и побрз зашто нема чекање за влез и излез од ЕУ, каква што е состојбата на Коридорот 10, кој поминува низ Македонија.
БУГАРИЈА И РОМАНИЈА ВО ПЕТОКОТ свечено го отворија вториот мост преку нивната заедничка секција од Дунав, која ги спојува градовите Видин на крајниот севрерозапад на Бугарија и Калафат на крајниот југозапад на Романија.
Работите ги вршеше шпанската компанија FCC, а изградбата на мостот траеше 6 години. Цената на мостот изнесува 275 милиони евра и голем дел од средствата беа дадени од Европската унија.
Мостот е долг 1,9 километри, тој е 43 метри над водата, еден е од најдолгите на Дунав и се на се четврт во долниот тек на најголемата река на
европскиот континент.
Се состои од 4 ленти за патнички транспорт, железничка пруга, два пешачки тротоари и патека за велосипеди.
Заедничка бугарско-романска компанија ќе управува со мостот,
преку кој се очекуваат да поминуваат околу 100.000 возила годишно.
Пред неговата изградба, единствена врска меѓу Романија и
Бугарија беше мостот кај Русе 55 километри на исток, кој сега ќе биде
реновиран.
Видин-Калафат мостот е дел од Пан-Европскиот Коридор 4 , кој оди
од Истанбул до Дрезден и се смета за суштински за развој на транспортот во
регионот.
Илија Јорданов, кој поседува транспортна компанија со 70 камиони
и други превозни средства вели дека поминувањето на мостот ќе го скрати
патувањето за 500 километри од Блискиот Исток до Западна Европа.
- Верувам дека мостот ќе ги охрабри и Србија и Македонија да ги намалат патарините – вели тој за Би-Би-Си.
Досега најкуса рута
кон Европа беше преку нашиот стар „дизелски пат“ или Коридорот 10, кој поминува
низ Македонија. Но, ако се оди преку овој пат се чека двапати на излез и влез
во ЕУ.
Ако се патува од пристаништето Пиреја во Атина се чека на македонско-грчката граница и на српско-унгарската граница. Сега вакво чекање со мостот Видин-Калафат нема да има зашто патот до Европа води само низ земји членки на Унијата и ова значи дека овој мост може да биде причина за одземање на дел од транзитниот сообраќај низ Македонија.
Ако се патува од пристаништето Пиреја во Атина се чека на македонско-грчката граница и на српско-унгарската граница. Сега вакво чекање со мостот Видин-Калафат нема да има зашто патот до Европа води само низ земји членки на Унијата и ова значи дека овој мост може да биде причина за одземање на дел од транзитниот сообраќај низ Македонија.
Специјализираната компанија за собирање транспортни податоци „Fanty-G Transport“
веќе направи споредба за километражата и цената на нафтата и патарините што би
требало да се платат за еден камион од 20 тони кога тој би патувал од
пристаништето Пиреја во Атина до Хамбург во Германија. Еве како изгледаат
пресметките:
Рута 1:
Грција-Македонија-Србија-Хрватска-Словенија-Австрија-Германија: 2.641 км, цена
за камион од 20 тони: 580 евра.
Рута 2: Грција-Бугарија (стариот мост Русе-Георгиу)-Романија-Унгарија-Словачка-Чешката
Република-Германија: 3.157 км, цена за камион од 20 тони: 500 евра.
Рута 3: Грција-Бугарија (новиот мост Видин-Калафат)-Романија-Унгарија-Словачка-Чешката
Република-Германија: 2.780 км, цена за камион од 20 тони: 460 евра.
Во овие пресметки, сепак, не е наведено времето на чекање, кое
нам не ни оди во прилог зашто единствено на нашата рута има излегување и влегување во ЕУ.q
[Ве молиме споделете го написот на социјалните мрежи на кои сте активни и помогнете го критичкото и слободното новинарство. АНФАС на Фејсбук можете да го следите овде.]
[Написите од АНФАС не смеат да се преземаат до 24 часа по објавувањето, a по овој рок тоа се прави исклучиво со наведување на изворот и креирање линк до оригиналниот текст. Доколку написот сакате да го преземете пред да изминат 24 часа, обратете се на anfaspogledpravo@gmail.com за да добиете дозвола преку и-мејл]


No comments:
Post a Comment