Владата на Македонија ги манипулира бројките за невработеноста со цел вештачки да ја намали, но со тоа го намалува и нивото на работната сила и прави земјава да биде меѓу најмрзливите во светот.
![]() |
| Македонија - земја на невработени или на мрзливи |
Власта, откако се појавија овие бројки, упорно
инсистира дека во земјава всушност само „околу 100.000 лица бараат работа“,
наместо 284.823, колку што бројот на невработени изнесува според Државниот завод за статистика.
Само за појаснување. Невработеноста се мери на два начини. Еден е според бројот на пријавени невработени во Агенцијата на вработување, а вториот е според кварталната анкета на Државниот завод за статистика.
СТАТУСОТ НЕВРАБОТЕН СТАНА ПРИВИЛЕГИЈА
СТАТУСОТ НЕВРАБОТЕН СТАНА ПРИВИЛЕГИЈА
Со новите манипулации бројките на овие две институции од пред две, две и пол години почнаа драматично да се разликуваат, иако претходно беа на слично ниво. Сега државната статистика брои 284.823 невработени, додека во АВРМ се пријавени 223.739 лица од кои како фактички невработени кои активно бараат работа се бројат само 96.999 лица.
Бројката во АВРМ почна да паѓа откако државата воведе серија измени во законите. Како прво, таа направи пријавувањето во Агенцијата да не биде предуслов за добивање сини картони за здравствено осигурување, па почна да ги тера невработените наместо еднаш во четири месеци да се пријавуваат на секои два, па на секој еден месец. Потоа, невработените беа поделени на две групи - оние кои активно бараат работа и кои мораат да се пријавуваат секој месец и оние кои пасивно бараат работа и кои треба да се пријавуваат само еднаш во 6 месеци. Потоа, заострена е казнената политика, па така ако задоцните само еден ден со пријавувањето автоматски бивате избришани од евиденција без право на пријавување од една година и друго. Сето ова влијаеше бројот на лицата што се пријавуваат во АВРМ драматично да падне, но во анкетата на државната статистика овој пад е далеку помал и изнесува само само 30-40.000 лица, односно исто онолку колку што власта во изминатиов период вработуваше во администрацијата и јавните претпријатија преку партиски вработувања.

Но, ако се инсистира на тоа само овие 96.999
лица што активно бараат работа да се бројат како невработени, тогаш ова предизвикува друг проблем. А, тоа
е дека нивото на работата сила во Македонија ќе биде меѓу најниските во Европа,
што значи дека ќе бидеме меѓу најмрзливите земји во Европа, но и во светот. Имено, исто како што светските медиуми објавуваат написи за тоа каква е состојбата со невработеноста на глобално ниво, тие објавуваат и написи за тоа каде најмногу и каде најмалку се работи.
ИЛИ ГОЛЕМА НЕВРАБОТЕНОСТ ИЛИ ГОЛЕМА МРЗЛИВОСТ
ИЛИ ГОЛЕМА НЕВРАБОТЕНОСТ ИЛИ ГОЛЕМА МРЗЛИВОСТ
Што претставува работната сила? Таа е процент
од вкупното население на возраст над 15 години, кое е или вработено или бара работа.
![]() |
| Кликнете на графиконот за да го видите во полна големина |
Како што се гледа од графиконот, Македонија со
овие бројки има поголема работна сила како процент од населението над 15 години
од БиХ, Грција и Бугарија. На глобално ниво, со овие бројки сме на 144 место во светот од 176 земји како што се гледа од оваа табела.
Но, ако бројот на невработени е само 96.999
наместо 284.823, тогаш работната сила ќе изнесува само 765.956 лица наместо 953.780
лица, при што оваа бројка претставува процент од 44,8 отсто од вкупното население над
15 години во земјава.
Со работна сила од 44,8 отсто, ги делиме местата од 171 до 174 во светот од вкупно 176 земји и во Европа ќе бидеме
подобри само од Молдавија, односно ќе бидеме убедливо меѓу најмрзливите земји во
светот и втора најмрзлива во Европа. Ова едноставно ќе значи дека живееме како штурци од бајката за штурецот и мравката и ќе изгледа како во земјава многу малку луѓе да се заинтересирани за работа зашто мал број или работат или бараат работа.
ВРЕМЕ ЗА ОДЛУКА: ИЛИ НЕВРАБОТЕНИ ИЛИ МРЗЛИВИ
ВРЕМЕ ЗА ОДЛУКА: ИЛИ НЕВРАБОТЕНИ ИЛИ МРЗЛИВИ
Сето ова значи и дека власта треба да се одлучи.
Дали сака Македонија да биде земја со втора највисока невработеност во Европа и
со тоа светот да не жали, но и да гледа со симпатии или сака земјава да биде
втора најмрзлива во Европа и со тоа светот да ни се смее.
P.S.: Бројот на вработените како процент од
вкупното население ни е катастрофален и тоj многу говори за тоа колку работиме. Тука никакви комбинаторики не помагаат. Каква и да е состојбата со нивото на работната сила или состојбата со невработеноста, Македонија е на претпоследно место во Европа, само пред БиХ, по бројот на вработените лица како
процент од вкупното население над 15 години, како што покажува долниот
графикон или уште попрецизно оваа табела:
![]() |
| Кликнете на графиконот за да го видите во полна големина |
(Напомена: Сите графикони - indexmundi.com - според податоци од Светската банка)q
[Ве молиме споделете го написот на социјалните мрежи на кои сте активни и помогнете го критичкото и слободното новинарство. АНФАС на Фејсбук можете да го следите овде.]
[Написите
од АНФАС не смеат да се преземаат до 24 часа по објавувањето, a по овој
рок тоа се прави исклучиво со наведување на изворот и креирање линк до
оригиналниот текст. Доколку написот сакате да го преземете пред да
изминат 24 часа, обратете се на anfaspogledpravo@gmail.com за да добиете дозвола преку и-мејл]

No comments:
Post a Comment