НЕМА СООПШТЕНИЕ НА ВМРО-ДПМНЕ, во кое нивниот центар за агитација и пропаганда (како што го нарекува Љубчо Георгиевски) ги нема згрешено имињата на оние неколку странски инвеститори кои отворија или кои градат фабрики на Бунарџик или пошироко во земјава.
Центарот за лаги и манипулации ги греши имињата на странските инвеститори постојано, а тоа значи во речиси секое второ соопштение зашто нивните имиња се појавуваат во речиси секое второ соопштение на владеачката партија.
Ќе падне кредитниот рејтинг на земјава, тие ќе одговорат со набројување на странските инвестиции, ќе падне индустриското производство, тие повторно ќе ги повторат имињата на странските инвеститори. Ако неколкуте странски инвеститори им се оправување за се и сешто, досега требаше барем да ги научат овие неколку имиња.
Тоа најдобро го покажува и денешното соопштение каде што половина од имињата на странските компании се напишани погрешно, иако досега се спомнати којзнае колку пати. И тоа овде не станува збор за погрешна транскрипција од странски на македонски јазик, туку едноставно за погрешно напишани имиња со додавање и одземање букви и слично. Погрешно е напишано дури и името на хрватски „Агрокор“, што јасно кажува за упатеноста на малите Гебелси во партискиот пропаганден центар:
Само на сајтот на ВМРО-ДПМНЕ погрешно напишаното име „Дрекслермајер“ или „Дрекслер Мајер“, на пример, го има 14 пати, а на македонскиот интернет дури 837 пати.
Напишано:
|
Треба:
|
Џонсон
Контрол
|
Џонсон
Контролс
|
Кронберт
и Шуберт
|
Кромберг
и Шуберт
|
Дрекслер
Мајер
|
Дрекселмајер
|
Агро
Кор
|
Агрокор
|
q [Ве молиме споделете го написот на социјалните мрежи на кои сте активни и помогнете го критичкото и слободното новинарство. АНФАС на Фејсбук можете да го следите овде.]
[Написите од АНФАС не смеат да се преземаат до 24 часа по објавувањето, a по овој рок тоа се прави исклучиво со наведување на изворот и креирање линк до оригиналниот текст. Доколку написот сакате да го преземете пред да изминат 24 часа, обратете се на anfaspogledpravo@gmail.com за да добиете дозвола преку и-мејл]


.jpg)



No comments:
Post a Comment