
Она што ме плаши е што на овие страни како „лајкаџии“ ги гледам и некакви општински ли се, измислени ли се „организации“, „ограноци“, што ли се, на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Она што ме плаши е што на овие страни како „лајкаџии“ ги гледам и некакви општински ли се, измислени ли се „организации“, „ограноци“, што ли се, на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Она, пак, што најмногу ме боли е кога гледам фотографија на македонската војска во строј, окружена со слики на Рудолф Хес, Брејвик, фото од строј на германската нацистичка војска и слично.
Овој фото албум го претставува нашиот срам. Но, тој треба да се види за да се осознае и препознае современата македонска неонацистичка иконографија, а со цел поефикасно да и се спротивставиме.
Таа е слична како и во другите европски земји: од класичната нацистичка, па се до современата неонацистичка, но прилагодена во македонски контекст (нацистички војник со претходното македонско знаме околу ракавот), кукасти крстови и стилизирани свастики, па дури и фотографија од срамниот дочек на нацистичката војска (ми се чини во Солун) приреден од страна на едно од екстремните крила на ВМРО, најверојатно она блиското на Ванчо Михајлов.
Дополнителни и посеопфатни написи на тема неонацизмот во Македонија можете да прочитате овде и овде (видео клипот во овој напис е отстранет од страна на YouTube заради користење говор на омраза).
Напомена: Сите фотографии и илустрации се преземени од профили и групи на македонски јазик, објавени на социјалната мрежа Фејсбук, како и од отстранетиот видео клип на рокенрол верзијата на песната „Послушајте патриоти“ (вториот линк во горниот пасус).
(За да ги погледнете фотографиите во поголем формат, поставете го глувчето врз секоја од нив и со десен клик отворете ја во нов прозорец на вашиот интернет пребарувач)
[Ве молиме споделете го написот на социјалните мрежи на кои сте активни и помогнете го критичкото и слободното новинарство. АНФАС на Фејсбук можете на го следите овде.]
[Написите од АНФАС не смеат да се преземаат до 24 часа по објавувањето, a по овој рок тоа се прави исклучиво со наведување на изворот и креирање линк до оригиналниот текст. Доколку написот сакате да го преземете пред да изминат 24 часа, обратете се на anfaspogledpravo@gmail.com за да добиете дозвола преку и-мејл]
No comments:
Post a Comment