
Во октомври лани внатрешното задолжување на државата, и тоа само преку државни хартии од вредност (ДХВ), за првпат во историјата ја надмина сумата од 1 милијарда евра, за во март годинава само задолжувањата на Владата на Груевски преку ДХВ да изнесуваат 1 милијарда евра.
1. На крајот од октомври лани, внатрешното задолжување на државата и тоа само преку државни хартии од вредност (ДХВ - државни обврзници и државни записи), за првпат во историјата ја надмина сумата од 1 милијарда евра и достигна:
63,5 милијарди денари, односно 1,033 милијарди евра
2. На крајот од март годинава износот на средства што само оваа власт го има извелечено на ваков начин, преку ДХВ, од банките, осигурителните компании, пензиските фондови и другите, исто така, го достигна износот од 1 милијарда евра.
Долгот на државата по основ на ДХВ на 31.12.2007 година изнесуваше
156 милиони евра,
а на 31.03.2014 година тој го достигна износот од
71,1 милијарди денари или 1,156 милијарди евра
Ова значи дека Владата на Никола Груевски во период од 6 години и 3 месеци ја задолжи Македонија 6,4 пати повеќе од сите претходни влади на домашен план преку ДХВ - или точно за 1 милијарда евра повеќе.
Годишните камати што се плаќаат на овој износ од 1,156 милијарди евра (во просек од околу 3,5 отсто) изнесуваат околу
40 милиони евра годишно или 1,6 отсто од националниот буџет.
Пари, кои ако Груевски не беше алчен, можеа да се потрошат за попаметни работи, наместо да завршат во џебовите на банкарите.
Како куриозитет треба да се напомне дека пензиските фондови почнале да купуваат од Владата и државни обврзници со рок на отплата од 10 години. Кај кои камата е поголема, се разбира, и изнесува 5 отсто.
Нема да помине долго време пред власта да почне да нѐ задолжува и на 20 и 30 години и тогаш не само што децата ќе ни се раѓаат како должници, туку ова кога ќе се случи таа ќе отиде директно и на нашите внуци да им бара пари.
Како куриозитет треба да се напомне дека пензиските фондови почнале да купуваат од Владата и државни обврзници со рок на отплата од 10 години. Кај кои камата е поголема, се разбира, и изнесува 5 отсто.
![]() |
Табела: НБРМ, извршени аукции на државни обврзници |
[Ве молиме споделете го написот на социјалните мрежи на кои сте активни и помогнете го критичкото и слободното новинарство. АНФАС на Фејсбук можете на го следите овде.]
[Написите од АНФАС не смеат да се преземаат до 24 часа по објавувањето, a по овој рок тоа се прави исклучиво со наведување на изворот и креирање линк до оригиналниот текст. Доколку написот сакате да го преземете пред да изминат 24 часа, обратете се на anfaspogledpravo@gmail.com за да добиете дозвола преку и-мејл]
No comments:
Post a Comment