Friday, May 16, 2014

Смеам ли и јас жените на министрите, на пример, да ги нарекувам „јебозовни“ на ТВ?

Share

„Не се работи за навреда, не мислев да ја навредам ниту да ја изложам на подбив. Сакав да кажам дека станува збор за атрактивна, посакувана, убава и згодна жена - изјави Миленко Неделковски за Плусинфо, објаснувајќи што мислел кога го употребил зборот „јебозовна“ за холандската амбасадорка. Со него се согласува и Агенцијата на медиуми.

Ова се глупости. Ако сакал да каже дека „дека станува збор за атрактивна, посакувана, убава и згодна жена“, требало така и да каже. А, дека апсолутно не мислел така и дека едноставно сакал да биде безоразен и да навреди покажува неговиот ФБ статус каде за амбасадорката кажува обични гнасотилаци. И тоа гнасотилаци, кои освен со линк ни на блогов не би ги повторил.

Впрочем, кој нормален човек за возрасна жена и тоа странски дипломат на национален кабловски канал би кажал дека е „јебозовна“? Ова е типичен невоспитан сексизам од простачка балканска провениенција, кој ниедна жена не го заслужува.

Настрана што претставува кршење на член од Кривичниот закон (член 181), според кој странските дипломати не смеат да се навредуваат. И добро, ај што Миленко нас не навредува и пцуе и што Зврлевски не сака да не заштити, ама барем странските дипломати би требало да бидат заштитени.

Изгледа Миленко е поважен и од нив. Било кој друг да излезе на телевизија и да каже за сопруга на некој министер, на пример, дека е „јебозовна“ ќе заврши со максимална парична казна.

No comments:

Post a Comment