
Она што е уште пожално е што овие бројки му се познати единствено на ММФ, каде што Владата за отплатата на долгот мора да извести еден кредитор каков што е Фондот, ако и понатаму сака да има пристап до неговите сефови.ОВАА ТАБЕЛА ПРЕПОЛНА СО БРОЈКИ, го прикажува распоредот на отплата на надворешниот долг на Руската Федерација во следните две години, почнувајќи од јули 2014 до јули 2016 и тоа сумите за отплата се наведени по месеци и по квартали. Табелата, инаку објавена од страна на ЦБР (Централната банка на Русија), покажува каков финансиски товар има земјата во ситуација кога нејзиниот пристап до светските пазари на капитал е затворен заради западните санкции.
Но, целта на објавување на табелава овде не е да се анализираат овие бројки (иако тие се многу интересни зашто покажуваат дека за 2 години руската држава треба да врати 390 милијарди долари во ситуација кога нејзините девизни резерви изнесуваат само 367 милијарди долари според последните пресметки), туку да извести дека ваков преглед за Македонија и за македонскиот надворешен и јавен долг не може да се добие и да се дознае, зашто Министерството за финансии не го објавува уште од 2010 година, односно ги крие износите на сумите кои земјава треба да ги врати (односно рефинансира, зашто за враќање не може да стане збор) во следниот период.
Македонија не е под никакви санкции, ама ваква табела за македонскиот надворешен долг не може да се добие дури и ако поднесете барање по Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер зашто Министерството за финансии (заедно со МВР) е најзатворено за јавноста од целата влада (која и онака е прилично затворена).
Она што е уште пожално е што овие бројки му се познати единствено на ММФ, каде што Владата за отплатата на долгот мора да извести еден кредитор каков што е Фондот, ако и понатаму сака да има пристап до неговите сефови.
ММФ има право да знае. Македонската јавност, пак, која тој долг ќе треба и да го отплати, не баш.
[Ве молиме споделете го написот на социјалните мрежи на кои сте активни и помогнете го критичкото и слободното новинарство. АНФАС на Фејсбук можете на го следите овде.]
[Написите од АНФАС не смеат да се преземаат до 24 часа по објавувањето, a по овој рок тоа се прави исклучиво со наведување на изворот и креирање линк до оригиналниот текст. Доколку написот сакате да го преземете пред да изминат 24 часа, обратете се на anfaspogledpravo@gmail.com за да добиете дозвола преку и-мејл]
No comments:
Post a Comment