Monday, December 8, 2014

Зошто не се потресов од одлуката на Путин да се откаже од Јужен тек

Share
Ако Македонија сака, и со и без Јужен тек, може да има пристап до доволни количества природен гас за своите енергетски потреби. Разликата е во тоа што без Јужен тек земјава не ќе мора да биде 100 отстотно зависна од Русија кога станува збор за гасот.
ГРУЈО, БУДЕН ЛИ СИ? Планираните гасоводи во регионов: еден да згрешеше да поминеше низ македонска територија барем. Извор: A.T.Kearny


ВО СИТУАЦИЈА КОГА:


- Транс-јадранскиот гасовод (ТАП) ќе поминува 50 км јужно од Битола и ќе носи 10 милијарди кубни метри гас од Азербјеџан од 2018 (и двојно повеќе од тоа 5 години подоцна);

- Јонско-јадранскиот гасовод (ИАП) од Албанија по Јадранската магистрала ќе носи гас на север и од север;

- Италијанската компанија Energia Falcione планира да направи терминал за гасификација на албанскиот брег каде ќе стигнува втечнет гас од танкери;

- ЕУ планира да помогне во изградбата на регионален прстен низ Западниот Балкан за размена и трговија на гас;

- Струмица сосема безбедно (под низок притисок со помош на хемикалии) со цистерни носи гас од Бугарија и истото ова може лесно да се изведе и за другите градови во источна Македонија;

- постоечкиот гасовод е искористен само 20 отсто;

- на постоечкиот гасовод со компресорска стнаица кај Петрич многу лесно може да му се зголеми капацитетот за 50 отсто (од 800 милиони м3 на 1,2 милијарди м3 годишно);

- веднаш до постоечкиот гасовод може да се изгради уште еден со ист капацитет и вишоците да се продаваат во Јужна Србија (за што ГАМА веќе има план цела деценија наназад) и Косово;

- нема да треба да му даваме на Генадиј Тимченко, личниот пријател на Путин кому му е забранет влез во САД и ЕУ и на неговата фирма „Стројтрансгаз“ да гради гасоводна мрежа низ земјава без тендер, под којзнае кои услови и за којзнае кои пари;

- ќе беа потребни непознат број години најпрвин да се изгради целиот Јужен тек од рускиот брег на Црното Море во близина на градот Новорусиск, под морето до Бургас во Бугарија, низ Србија, Унгарија, Хрватска, Словенија и Австрија, за потоа низ Србија да се направат планираните три краци - едниот кон Република Српска во БиХ, вториот кон Црна Гора и третиот кон Косово и Македонија и тоа во ситуација кога Србија и Косово не се признати меѓусебно и беше непознато како транспортот и продажбата на гасот ќе се изведеа формално-право, како и во ситуација кога не е ни јасно дали Косово сака да биде зависно од Србија за ваков стратешки енергенс или истиот би сакал да го добива од Албанија и конечно во ситуација кога е непознато дали е исплатливо јужниот крак на Јужен тек воопшто и да се прави ако тој не го снабдува и Косово; 

- многу лесно може да се обнови планот за изградба на гасоводот Набуко со поддршка на САД и 5 години подоцна да се направат краци кон Македонија и Србија;

- Бугарија испитува нови начини да добие гас од најголемото гасоносно поле на светот Шах Дениз II во Азербејџан (50-100 билиони кубни метри гас - доволно во период од 270-540 години со сегашнава потрошувачка да се замени увозот на гас од Русија);

- Бугарија во меѓувреме откри и големи наслаги на гас од шкрилци во северо-источниот дел од земјата;

- нема да треба да бираме меѓу законодавството на ЕУ и болните замисли на Путин за доминација врз регонов;

- нема да треба да бидеме зависни до Русија 100 проценти кога станува збор за гасот;

МЕ ЗАБОЛЕ ОРГАНОТ ЗА ПОЛОВА РЕГЕНЕРАЦИЈА ШТО Е ОТКАЖАНА ИЗГРАДБАТА НА ЈУЖЕН ТЕК.



[Ве молиме споделете го написот на социјалните мрежи на кои сте активни и помогнете го критичкото и слободното новинарство. АНФАС на Фејсбук можете на го следите овде.] 

[Написите од АНФАС не смеат да се преземаат до 24 часа по објавувањето, a по овој рок тоа се прави исклучиво со наведување на изворот и креирање линк до оригиналниот текст. Доколку написот сакате да го преземете пред да изминат 24 часа, обратете се на anfaspogledpravo@gmail.com за да добиете дозвола преку и-мејл]

No comments:

Post a Comment