Од државни буџетски субвенции компанијата ќе инкасира барем 20 милиони евра за 6 години и кога периодот на субвенционирање ќе заврши, таа може слободно да ги укине субвенционрианите авиолинии и да си замине.
1. ЗА ОТВОРАЊЕ НА 6-ТЕ ЛИНИИ КОН Базел, Бергамо, Дортмунд, Ајндховен, Мелме и Меминген, Визер од владата доби по 40.000 евра за секоја.
2. За отворање на линиите до Бово, Шарлерој, Келн, Гетеборг, Франкфурт и Стокхолм, Визер од владата доби по 30.000 евра за секоја.
3. За секој патник што лета на овие линии, компанијата од владата доби по:
- 9 евра во првата година од работата,
- 8 евра во втората и
- 7 евра во третата година.
- 8 евра во втората и
- 7 евра во третата година.
4. Субвенциите продолжуваат и во иднина. Во петокот министерството за транспорт објави нов тендер за субвенции за периодот 2015-17 година. Се бараат барем 4 нови линии, при што ќе се добие пак 40.000 евра за секоја, а парите по патник се уште поголеми:
- 13 евра во првата година,
- 12 во втората,
- 11 во третата.
- 12 во втората,
- 11 во третата.
Условите се такви што им одат во прилог на големите компании, така што пак парите ќе ги добие Визер.
Еве како е стигнато до бројката од над 20 милиони евра
240.000 - 6 авиолинии по 40.000 евра секоја
180.000 - 6 авиолинии по 30.000 евра секоја
2.970.000 - субвенции за 330.000 патници по 9 евра во 2012
2.640.000 - субвенции за 330.000 патници по 8 евра во 2013
2.310.000 - субвенции за 330.000 патници по 7 евра во 2014
160.000 - 4 нови линии по 40.000 евра секоја
4.290.000 - нови субвенции за 330.000 патници по 13 евра во 2015
3.960.000 - нови субвенции за 330.000 патници по 12 евра во 2016
3.630.000 - нови субвенции за 330.000 патници по 11 евра во 2017
180.000 - 6 авиолинии по 30.000 евра секоја
2.970.000 - субвенции за 330.000 патници по 9 евра во 2012
2.640.000 - субвенции за 330.000 патници по 8 евра во 2013
2.310.000 - субвенции за 330.000 патници по 7 евра во 2014
160.000 - 4 нови линии по 40.000 евра секоја
4.290.000 - нови субвенции за 330.000 патници по 13 евра во 2015
3.960.000 - нови субвенции за 330.000 патници по 12 евра во 2016
3.630.000 - нови субвенции за 330.000 патници по 11 евра во 2017
20.380.000 ЕВРА ВКУПНО
Напомена за пресмeтката: Визер вели дека превезол 1 милион патници за 3 години. Во преметката е земено по 330.000 патници годишно во просек. Истата бројка на патници е земена и за следните 3 години, иако таа сигурно ќе се зголеми зашто ќе има повеќе авиолинии. Кај бројот на авиолинии за кои Визер ќе земе субвенции за следните 3 години, земен е минималниот број од тендерот (4), иако компанијата може да понуди отворање на повеќе од 4 нови авиолинии и за секоја да земе по 40.000 евра.
[Ве молиме споделете го написот на социјалните мрежи на кои сте активни и помогнете го критичкото и слободното новинарство. АНФАС на Фејсбук можете на го следите овде.]
[Написите од АНФАС не смеат да се преземаат до 24 часа по објавувањето, a по овој рок тоа се прави исклучиво со наведување на изворот и креирање линк до оригиналниот текст. Доколку написот сакате да го преземете пред да изминат 24 часа, обратете се на anfaspogledpravo@gmail.com за да добиете дозвола преку и-мејл]

No comments:
Post a Comment